Прогнозирај ја најдобрата ФИФА/ФИФПро единаесетка

Како што се приближува овогодишното доделување на Златна топка кое ќе се одржи на 7ми јануари 2013 година во Цирих, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да учествуваат во прогнозирањето на годинашниот најдобар ФИФА/ФИФПро фудбалски состав.

FIFA/FIFPro World XI Predictor е интерактивна игра која на фановите им овозможува типување на годинашниот најдобар фудбалски ФИФА/ФИФПро состав. Оние кои сакаат да учествуваат ќе може да состават екипа одбирајќи единаесетмина играчи од 55те објавени кои ќе бидат класифицирани во 4 групи: голмани, одбранбени, средни играчи и напаѓачи.

По доделувањето на Златната топка ќе биде прикажан и најдобриот фудбалски состав за 2012 година според ФИФА/ФИФПро. Доколку вие сте го погодиле точниот состав, влегувате во следната фаза каде преку ждреб ќе се одреди победникот кој ќе добие дрес потпишан од сите избрани најдобри фудбалери за 2012 година.

Прогнозирањето ќе започне на 19ти Ноември каде FIFA.com ќе ги пушти имињата на играчите од различните категории на различни датуми.

  • 19 Ноември: Голмани
  • 22 Ноември: Одбранбени
  • 26 Ноември: Средни играчи
  • 29 Ноември: Напаѓачи

Крајниот резултат на вашето типување морате да го доставите до 4 Јануари 2013 година.

Повеќе инфо.