Камбек бадминтонки

Кратко пензионираната кинеска репрезентативка во бадминтон која беше дисквалификувана на Олимпијадата во Лондон, се врати со победа на домашна сцена. 

 

На Li-Ning China Open, првенството во бадминтон кое се одржува од 13 до 18 ноември, Ју Јанг и покрај паузата од три месеци, го најави својот прв камбек со натпреварот против сонародничките Ма Јин и Танг Јинха со 21-19 и 21-18 и се пласираше во четврт финалето.

Иако двојката Ју Јанг и Ванг Xиаоли има најголеми шанси за титулата, сепак прво ќе мора да се соочат со јапонскиот пар Мисаки Матсутомо и Ајака Такахаши кои ги победија олимписките златни медалисти во семифиналето на Denmark Open.

Ју Јанг и Ванг Xиаоли беа дисквалификувани од учеството во двојки на Олимпијадата во Лондон, поради намерно губење мечеви, по што Ју веднаш го најави своето пензионирање.