Пази муцката

Пази сега! Ејприл Калдерон е фитнес инструкторка од Флорида која направи 61 склек во само една минута, а притоа беше поставена на три медицински топки. Епа ај сеа пробај ти дали можеш вака да се избориш помеѓу балансот, силата и времето!

За ваквата умешност 24 годишната фитнес инструкторка која наедно е и генерален менаџер на „Anutime Fitness” клубот во Флорида, чека да биде запишана во „Книгата на алтернативни рекорди” бидејќи успеа да постави нов светски рекорд на склекови со медицинки.

Калдерон, која е во одлична физичка форма благодарение на тоа што спортува, игра фудбал, одбојка и уште многу други спортови, вели дека успеа во својата намера да постави рекорд благодарение на ментална подготвеност и способноста за одржување баланс. 

Пред Калдерон, рекордот во склекови со медицински топки го држеше Алисија Вебер која  направи 57 склекови во 60 секунди.

Инаку, според медицинските истражувања, просечна 40-годишна жена може да направи меѓу 8 и 19 склекови, додека просечен маж на иста возраст би требало да направи меѓу 20 и 29 склекови.