Скејт модернизам

Ако ви здосадил стариот скејтборд тогаш погледнете го новиот дизајн на Дарко Николиќ, млад иноватор кој креира за урбаните фаци. Иако скејтовите Dark Matter и Escape Board се во почетна фаза на реализација, веќе се познати нивните перформанси кои делуваат импресионирачки. 

 

Dark Matter има дополнителни каишки кои ќе ви овозможат поголема контрола низ урбаните средини. Направен е од Кевлар, јаглеродни влакна и други композитни материјали кои даваат одлична цврстина на рамката.

Поради специфичната полиуретанска текстура на шмирглата, овој скејт овозможува подобар контакт со вас преку вашите патики. Тркалата се изработени од висококвалитетни лагери со 3 топчиња кои потешко се оштетуваат, а овозможуваат подолго движење со помал напор.

За љубителите на ноќно „скејтање” идеален избор е Dark Matter кој е гравиран со MonoLight Shield и 2 LED диоди кои работат на батерии.

 

 

Најшизички момент кај Escape Board е лебдечкиот ефект, бидејќи е изработен од проѕирни поликарбонатни слоеви и специјален систем за врзување.

Посебноста на системот за врзување се состои во тоа што добро ја пренесува тежината при скокови а со тоа го штити скејтот од кршење, додека поставеноста точно над осовината овозможува брза реакција при вртењето. Површината (шмирглата) му гарантира добар грип на корисникот при ектремни точки.

Повеќеслојниот систем е причина плус да го одберете овој скејт, бидејќи при штета само оштетениот слој се менува, а не целиот скејтборд.