Војна на брендовите

Ѕвездата на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Месут Озил, ќе плаќа дневна казна од 122 илјади фунти ако уште еднаш облече копачки од Адидас. Германскиот репрезентативец летово беше забележан на натпревар како носи целосно бели адидас копачки, во услови кога се уште важеле одредени клаузули од договорот со Најк.

Овој потег го поттикна американскиот спортски гигант Најк да го тужи Озил заради тоа што и покрај истечениот договор, една од клаузулите сепак го обврзувала Озил да им дозволи на Најк да му понудат нов договор пред тој да може да ја смени марката на своите копачки. 

Озил е виден во Адидас копачки додека играл за германската репрезентација и 24 годишниот фудбалер е убеден дека не прекршил никаков договор. 

Но, судот во Амстердам пресуди во корист на Најк и одлучи дека Озил мора да ја одбие секоја понуда за спонзорство понудена во наредните 180 дена, што ќе им овозможи на Најк да излезат со нова понуда за него. Ако не ја испочитува одлуката на судот, Озил ќе плаќа дневна казна од 122 илјади фунти.