Благодaти на јаболковата киселина

Едноставно течно богато издание на јаболкото и дефинитивно најдобриот тип на оцет кој ја надминува конкуренцијата со незамислив број на здравствени благодети. Еве зошто јаболковата киселина треба да биде дел од секоја трпеза.

Прво и основно мораме да напоменеме и да разграничиме дека повеќето видови на јаболкова киселина кои можат да се најдат по маркетите се пастеризирани, дестилирани и филтрирани па тие не содржат скоро никакви важни нутрициенси.

Доколку пак сте во можност да најдете свежа органска и непастеризирана јаболкова киселина тогаш имате полн погодок.

Произведена по пат на природна ферментација на јаболковиот сок, овој вид на киселина може да го задоволи Вашиот организам со природни витамини и минерали и на феноменален начин да Ве направи поздрави. Во процесот на ферментација хранливите и лековитите својства на јаболкото се зачувуваат и надополнуваат со новонастанати природни соединиенија како танини и биофлавоноиди. Сето ова само ја зголемува природната моќ на оваа течност.

Регулирање на тежина
Докажано е дека овој тоник игра голема улога во стимулацијата на целокупниот човечки метаболизам, а со тоа може да помогне во намалувањето на телесната тежина.

Јапонска студија покажува дека испитуваната група која редовното конзумирала јаболкова киселина растворена во вода имала намалување на индексот на телесна маса (BMI) и ширината на струкот како и паѓање на вредноста на серумските триглицериди во споредба со контролната група.

Дијабетес
Неколку студии покажуваат дека јаболковата киселина може да помогне во намалувањето на нивоата на шеќер во крвта. Комбинацијата на уредна диета, вежбање и редовно конзумирање на јаболковата киселина растворена во вода, може да помогне на многу луѓе со дијабетес тип 2.

Извор на минерали и витамини
Јаболковата киселина содржи голем број на есенцијални елементи како витамините C, E, A, B1, B2, B6 како и бета-каротени и биофлавоноиди. Покрај нив таа е богата со танини со што само се надополнува антиоксидансниот ефект на овој напиток.

Минералите исто така се застапени и тоа со калиум, железо, флуор, магнезиум, калциум, фосфор и бор. Голем дел од нив се важни за формирањето и одржувањето на здрави коски, а пак другите го јакнат и стимулираат имуниот систем.

Стомачни проблеми
Доколку бактериска инфекција Ви претставува проблем и причина за дијареа, јаболковата киселина може да помогне. Едноставно испиjте една чаша вода со 1-2 лажички јаболкова киселина и проблемите ќе исчезнат.