„Лебди“ на BOSU

Да се “лебди” на гумена хемисфера не е лесна работа, а познатата полутопка преку својата прилагодлива и практична форма најде примена во тренажниот процес на многу спортист и рекреативци. BOSU или акроним од Both Sides Up (употреблива на двете страни) со сигурност ќе им се допадне на сите оние кој ќе ја пробаат во својот тренинг.

Ако сакате да извадите максимален ефект од секојдневното потење тогаш набавете си BOSU. Oсвен како подлога за силови вежби (скелкови, стомачни грбни и клекнувања) BOSU можете да го искористите во превенција и рехабилитација на повреди, во тренинг за рамнотежа и проприорецепција, за кардио, степ аеробик, зумба, јога и стречинг.

Заради непостојаноста на подлогата направена од гумен материјал во форма на полутопка и со можност за промена на внатрешниот притисок, BOSU дава можност таа да варира од повеќе до помалку нестабилна подлога. Може да се употребува од двете страни и варијациите во пракса се огромни.

Нејзината височина е околу 30 сантиметри со дијаметар од 50-65 см.
Идејата на BOSU е при секоја вежба да активирате поголем број мускули во телото на рефлексно и волно ниво додека се обидувате постојано да одржите рамнотежа а притоа да правите одредено движење или да совладувате некаков отпор (ластик тегови, лост). Погоден е за индивидуална и групна работа, а особено е интересен како додаток во традиционалните аеробик форми во улога на дополнителна степ платформа.

Доколку го пробате BOSU со сигурност ќе откриете нова димензија во вашиот тренинг.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија