Фудбалски менаџер, па макар и на игра

Љубителите на Фудбал Менаџер со нетрпение го очекуваат најновото продолжение на мега популарната игра која на втори следниот месец ќе биде пуштена во продажба, поточно последното издание на Фудбал Менаџер овојпат со додавката 2013-та.

Пасијата да се биде дел од фудбалска магија но не како обичен гледач туку како личност која го креира светскиот поредок во популарното надигрување со бубамарата не познава граници. Во последните неколку дена на големо се пишува во „гејмерските” форуми за излегувањето на долго очекуваната ФМ13.

Листајќи ги постовите на загреаните играчи забележавме дека ФМ13 ќе го надмине рејтингот на нејзиниот предходник ФМ12 пред се поради големата побарувачка на БЕТА верзијата која излегува за неколку дена. Искрено кажано поголемиот дел на љубители на фудбалот ја играат оваа игра а во дел од мислењата на блоговите и на социјалните мрежи се издвојуваат и низа совети кои помагаат за полесно совладување на играта.

На пример, еден помлад играч во неколку наврати побара помош до поискусните издвојувајќи го според него нерешливиот проблем со карактерот на Роналдо во Реал Мадрид како и проблемот да се совлада Барселона на Камп Ноу..

Оваа игра не само што е популарна во поразвиените земји туку голем замав зема и во Македонија. Па драги „гејмери” за неколку дена ќе имате можност да видите што нуди ФМ13 со помош на БЕТА верзијата.

Совет: Не заборавајте дека ова е само игра, нема потреба од кршење на тастатурата или маусот како што тоа најчесто го прават скандинавците и островјаните (барем според сведоштвата на Facebook). Лабаво и опуштено до многу титули без агресија е нашата порака до Вас.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија