Сраснати со велосипедот

На многу од нас по велосипедот со помошни, наследникот ни бил три величини поголем десетто или осумнаесто брзинец за често да не се купува нов велосипед, туку да истиот да трае уште десетина години. Ова е голема грешка на родителите само за да заштедат некоја пара, што е нормално, но од друга страна тие сериозно ја загрозуваат безбедноста на детето. 

Многу деца обожаваат да возат велосипед, но додека се мали родителите треба да им ги обезбедат основните мерки за заштита гледано од повеќе аспекти. Соодветен велосипед за возраста на детето и заштитни додатоци се одличен старт.

Како да одберете соодветен детски велосипед?
Најсоодветниот велосипед за децата е оној кој им е прилагоден на возраста. Има деца кои почнуваат да возат велосипед со помошни тркалца на 3 години, а го совладуваат балансирањето без помошните тркалца кога ќе наполнат околу 4 и 8 години. Како што вели Ден Џојс за веб-сајтот “BikeRadar”: „Кога ќе му купувате велосипед на Вашето дете, ако ништо друго, барем погрижете се да му е погоден според возраста”. “Возењето велосипед кој не можете да го контролирате бидејќи не можете со нозете да ја допрете земјата и со рацете да ги дофатите кочниците не само што не e забавно, туку е и опасно.”

Големината на велосипедот кај возрасните се мери според големината на рамката, но детските велосипеди се одредуваат по дијаметарот на тркалата (12, 16, 20 или 24 инчни). Според табелата објавена на веб-сајтот на Интернационалниот фонд за развој на велосипедизмот се одредува соодветната големина на тркала според возраста на детето и должината на нозете. Кога е добро одбран велосипедот, детето може да се симне од него и да ги врти педалите со нозете целосно допирајќи го подот. На пример, на дете од 7-10-години со должина на нозе од 56 до 63 см ќе му одговара велосипед чии тркала имаат дијаметар од 51 см, т.е. 20 инчи.

Сопирачките на велосипедот играат важна улога во неговата безбедност, бидејќи добриот велосипед мора да има добри сопирачки прилагодени на возраста. Детските велосипеди имаа ‘контра’ сопирачки, рачни сопирачки или, пак, и двете. Додека рацете на детето не се доволно големи и доволно силни за да работат со рачните сопирачки, ‘контра’ сопирачките се неопходни.

Рамката на велосипедот треба да ги исполнува критериумите на умерена издржливост за малите деца, додека кај постарите деца кои повеќе возат на терен, рамката треба да биде поиздржлива.

Експертите препорачуваат свој рејтинг од “најдобри” 17 модели на детски велосипеди од 2008-2010 година, објавени во списанието “Bicycling”. Пет детски модели од 2010 година ги заслужија почестите да бидат меѓу првите. Еден од нив е и “Redline Conquest 24”, велосипед за постари деца, кој нуди контрола и брзина и на патишта и на терен. За најмалите го препорачуваат “Strider Спорт Prebike” велосипедот без педали (баланс велосипед). Други модели на велосипеди од 2010 година кои овој веб-сајт ги препорачува се”GiantPudd’n”, брз точак со стил и со отстранливи помошни тркала; потоа “Jamis Starlite”, со задна кочница како дополнување на ‘контра’ кочницата, и “Gary Fisher Precaliber 24”, кој има многу од карактеристиките на велосипедите за возрасни, вклучувајќи и предна суспензија, рачни сопирачки, и 24 брзини за лесно совладување на угорници.

 

Кацигата како задолжителен заштитен додаток за велосипед, децата треба да ја носат на глава за да ја намалат можноста од посериозни повреди. За кацигата целосно да понуди заштита, таа треба да биде идеално точна. А тоа е кога нема празен простор помеѓу кацигата и главата на детето, но не треба ни да притиска. Кога ќе се прицврсти, треба да стои цврсто на главата без да се помрднува нанапред или наназад, бидејќи така при удар може да настрада предниот или задниот дел од главата.

Исто така, се препорачуваат дополнителни светла за подобра видливост ноќе, штитници за лакти и колена, ракавици за подобар грип и заштита од плускавци како и соодветни патики кои не се лизгаат лесно од педалите.

Бонус! Како што децата учат да возат велосипед тие треба да научат и правилно да паднат од него за полесно да го поднесат ударот. Тука сликовито се прикажани петте фази при момент на пад и тоа: 1. Да се претпостави правилната позиција, 2. Да се исправи лизнувањето, 3. Да се најде правиот излез, 4. Да се избере мека подлога за падот, 5. Падни и стркалај се.