Како кафето ги подобрува функциите на мозокот

Кафе и брза географија

По многу истражувања, дилеми и различни експертски мислења за тоа дали, и колку кафето е штетно по здравјето на човекот, конечно се дојде до единствена теорија дека сепак овој црн напиток содржи состојки кои може да предизвикаат позитивни ефекти врз човечкото тело и да го продолжат животот.

Иако интензивното конзумирање кафе може да го поттикне стрес хормонот и да предизвика зависнот од кофеин, сепак пиењето кафе има свои бенефити но само ако се ограничат додатоците како што се крем и шеќер.

Кафето се конзумира во главно поради кофеинот кој делува на префронталниот кортекс во мозокот одговорен за повеќето когнитивни и извршни функции, вклучувајќи го и помнењето. Бројни студии покажале дека е здраво да се пие кафе затоа што има позитивно влијание врз функциите на мозокот, односно ја подобрува концентрацијата, меморијата а ја зголемува и менталната будност. 

Освен подобрување на мозочните функции, кафето заштитува и од појава на рак. Националниот институт за рак во Америка спроведе 13 годишна студија која покажала дека ако пиете четири или повеќе шолји кафе на ден, шансите за прерана смрт се за 16% помали.

Во 2002 година беше направно истражување на Харвард кое покажа дека оние кои пијат кафе имаат 25% помала шанса за развој на камен во желудникот. Бидејќи е антиоксиданс,  му помага на телото во борбата против слободните радикали, го поттикнува метаболизмот и на тој начин помага во одржувањето на тежината. Друга студија направена во 2008 година покажала дека кафето е добро и за спортистите, но само ако се конзумира еден час пред тренинг.