Блеснете додека вежбате

Неонски стегачи за трчање

Доколку практикувате вечерно наместо утринско трчање, неонските стегачи за нозе се вашето идеално решение, бидејќи истите содржат рефлектори за трчање во мрак кои ја зголемуваат вашата безбедност.

Вакви стегачи произведува и продава американската компанија CEP compression, која освен што користи неонска светлина, ги прави стегачите многу корисни затоа што истите даваат повеќе енергија, издржливост а погодни се и за закрепнување при евентуална повреда.

Компанијата применува технолологија на медицинска компресија инкорпорирана во материјал. Всушност, познато е дека на секоја мускулна клетка и треба енергија во форма на кислород која се транспортира до мускулите преку крвта. Колку е подобар протокот на крвта во артериите, толку подобро мускулите се обезбедени. Ваков ефект на компресија даваат токму стегачите на CEP compression.

Овие неонски стегачи освен што даваат повеќе енергија, издржливост, подобрена циркулација на крвта, имаат и превентивна функција давајќи стабилност на мускулите и зглобовите, а ја намалуваат и мускулната траума и вибрациите. Стегачите се продаваат за 40-тина долари.

Стегачите се носат само за време на активност за да не се појави оток на нозете а препорачливи се за атлетичари на мали и средни растојанија. Содржат и сребрени јони кои ги неутрализираат непријатните мириси. Истите се направени од 79% најлон и 21% спандекс а не содржат латекс.