ММА спектакл во Кичево, настапуваат многу и од Македонија

На 20 јули во Кичево ќе се одржи ММА спектакл, активност која никогаш порано не се одржала во овој град, а има потенцијал да биде и еден од посилните настани во ММА што се одржувале во нашата држава.

Организаторот најавува многу познати борци од Босна, Србија, Хрватска, Албанија, Македонија и Германија, како што се Aтнан Алиќ, Бугарот Рамчев, кој триумфираше пред 1 месец во силен натпревар во Дубаи, потоа Слаѓан Драгиќ од Србија итн.

Од нашите борци најавени познатиот кикбоксер, Тоше Цветковски, Осман Демири, Ардит Асани, Aрбин Селмани, Филип Стефановски, Љубомир Андреевски, Хајредин Сендич, Томислав Никола и Белиќ Истoчки.

Оорганизатори се поранешниот боксер Валдет Бајрами кој многу години живеел во Швајцарија а сега го формираше и боксерскиот клуб „Волци” во Кичево како и Џемаил Реџепи, кој финансиски го поддржува овој настан. Бајрами вели дека ќе има 12 борби и ќе биде празник за неговиот град и целата држава.

“Овој спектакл ќе биде незаборавен и прв што се одржал во градот од овој тип – ММА, каде што носиме познати имиња од Европа и од светот. Овој вид на активност никогаш не се одржала во нашиот град, така што се очекува со голем интерес, а сум сигурен дека нема да фали ни поддршката од публиката од целата Македонија. Инаку мора да спомнам дека имаме поддршка и од градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари и приватниот сектор на кои јавно им се заблагодари”, рече Бајрами, додавајќи дека целта на оваа организација е да се шири овој спорт во нашата земја.

Настанот се одржува на 20.07.2019 во салата Јанчица во Кичево и борбите започнуваат од 22:00 часот. Важно да се напомена дека борбите ќе бидат со правила на УФЦ и ќе бидат контролирани од професионални судии како што се Башким Бериша и неговиот персонал. Повеќето од борбите ќе бидат пишани во најголемата професионална веб-страница за MMA, Sherdog.com.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија