#AnyGirlAnywhere

Наши девојки беа дел од светскиот рекорд во најмногу играчи на натпревар во мал фудбал

Во Лион, Франција, изминатата недела, паралелно на ФИФА Светскиот шампионат во женски фудбал се одржа спортски фестивал на кој се промовираше женскиот фудбал и преку различни работилници и активности се разговараше за (не)еднаквоста во женскиот фудбал.

Истовремено, беше поставен нов светски рекорд за најголем број на играчи на еден континуиран натпревар во мал фудбал, вкупно 807, во 69 часа континуирана игра со резултат 404-369. Фестивалот како и новиот светски рекорд се во организација на невладината спортка организација Equal Playing Field, кои се залагаат за еднаков пристап и можности на сите девојки и жени вклучени во фудбалот.

Паролата #AnyGirlAnywhere ја одбележува потребата за промоција на родовата еднаквост во фудбалот и поголема вклученост на жените во грасрут активности и лидерски позиции во фудбалот.

На настанот учествуваа Силвија Митевска и Магдалена Спасовска од ТАКТ, како и многу други жени и спортски организации ширум светот.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија