Македонско учество на Лаваредо Ултра Треил 2019

Овој викенд на северот од Италија, поточно во регионот на Доломитите, на дванаесеттото издание на трката Лаваредо Ултра Треил учество ќе земат повеќе Македонци на различни трки.

Лаваредо Ултра Треил е една од најпознатите трки во планинско ултра трчање во цела Европа и пошироко. Секоја година на крајот од јуни, настанот привлекува повеќе од 5000 луѓе на неколку дистанци низ УНЕСКО заштитените подрачја и национални паркови во регионот на Доломити.

Оваа година настанот има четири трки на 120, 87, 48 и 20 километри, а наши тркачи има вкупно 24. 

На најдолгата дистанца која изнесува 120 километри со 5800 висински метри која стартува денес на 28.06.2019 во 23 часот ќе настапат: Игор Пирковски, Трајче Панковски, Виктор Најдовски, Дарко Шиповиќ, Катерина Шиповиќ, Игор Јосифов, Иван Кантарџиски, Никола Цицоски, Борче Милосковски и Дарко Атанасов. 

На трката од 87 километри насловена УлтраДоломити која има висинско искачување од 4600 метри и стартува утре на 29 јуни во 6 часот наутро ќе настапат: Мартина Милева, Катерина Николовска, Сања Најдовски, Александра Ѓорѓиевска и Дарко Роглев. 

На дистанцата од 48 километри, пак, која веќе е стартувана во 9 часо наутро денес на 28 јуни трчаат Софија Панковска, Димитар Поповски, Тања Бабунска, Бојан Мицковски, Дејан Огненоски, Кристијан Огњановски, Владимир Павлов, Владимир Спасовски и Кирил Стефановски. 

Сите резултати и тркачи можете да ги најдете на следниот линк каде ќе има следење на трките во живо. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија