Нов женски светски рекорд во непрекинато држење планк

Уште еден фитнес рекорд кој е вреден за споменување, овојпат во женска конкуренција.

Дана Гловацка од Канада е сопственик на новиот рекорд во непрекинато држење штица (планк). Таа за време на First International Plank Training Conference го сруши стариот рекорд во женска конкуренција и тоа за цели педесет минути.

Гловацка успеа да остане во пoзицијата цели 04 часа и 20 минути часа што е досега најдолго време поставено од жена. Претходно рекродот го држеше Мариа Калимера од Кипар со време 03 часа и 31 минута.

Ако некогаш сте се обиделе да ја правите оваа вежба подолго од една минута, тогаш со сигурност знаете колку може да биде исцрпувачка и тешка. Гловацка, која себеси се смета за фитнес ентузијаст, вели дека примарно вежба за сила на трупот, оносно на јадрените мускули и била јогата. Се сеќава дека нејзиниот прв обид да држи планк најдолго што може траел “само” четири минути.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија