Троен македонски подиум на Ултра Треил Стара Планина 2019

Овој викенд на Стара Планина во Србија се одржа овогодинешното издание на трката „Ултра Треил Стара Планина” на кое има повеќе трки во планинско трчање. На 57 километарската делница, нашата држава може да се пофали со одличниот настап на тројца планински тркачи кои го освоија машкиот подиум. 

„Миџор Треил” е трка во склоп на УТСП со должина од 57 километри и 2400 висински метри која минува низ најубавите и интересни предели на почетниот дел на Стара планина, Бабин зуб, врвот Миџор, Копрен и селото Топли дол. 

Во конкуренција од 122 тркачи и навистина сложени и тешки временски услови на оваа трка победија тројца наши планински тркачи пристигнувајќи на целта во краток временски период. 

Прв беше Дејан Тодевски со време од 5 часа и 52 минути, зад него пристигна Филип Тодоровски со време од 5 часа и 56 минути а трет беше Димитар Тодоровски со време од 6 часа и 10 минути. 

Во женска конкуренција на оваа трка победија Снежана Ѓурич, Агата Лабеџка и Татјана Јовановиќ. 

Сите резултати можете да ги пронајдете тука.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија