Со ампутирана нога преку Атлантикот – нов веслачки рекорд

Малку страст, многу желба, мотивација, истрајност и човековото тело е способно за неверојатни подвизи. Атлантикот е извеслан во рекордно брзо време и тоа од човек со ампутирана нога.

Бившиот член на Кралската морнарица Ли Спенсер (49) е нов сопственик на рекордот за најбрзо соло преминување низ Атлантскиот океан со веслање. Тој викеднов по шеесет дена веслање пристигна во Кајен- Француска Гвајана со што го подобри стариот рекорд на Стеин Хоф за цели 36 денови.

Да добро прочитавте. Стариот рекорд е подобрен за повеќе од еден месец. За да биде целата сторија уште поневеројатна допринесува и тоа што Спенсер ја загубил својата нога во сообраќајна несреќа со што тој стана и првиот човек со хендикеп кој успеал да го комплетира овој физички и ментално исцрпувачки предизвик.

Рутата по која тој се движел, во правец исток-запад, тргнува од Португалија (Европа) и завршува во Француска Гвајана (Јужна Америка) и има вкупна должина од 6100км. Во своето патешествие Спенсер имал само едно принудно застанување на Канарските острови заради поправка на системот за навигација.

Бранови повисоки од десет метри, гастроентеритис, храна доволна за само 90 дена и спиење во просек по два часа на ден биле проблемите со кои овој бивш војник се соочувал секојдневно. По завршувањето на тој истакнал дека ниеден човек не треба да биде ограничен од својот физички хендикеп и дека ако тој може да го сруши рекордот тогаш може секој.

Проектот во суштина е со хуманитарен карактер со цел собирање средства за Добротворната организација на кралските маринци.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија