Изгубен е контакт со момците на Нанга Парбат

Вознемирувачки информации стигнуваат од базниот камп на Нанга Парбат. Том Балард и Даниеле Нарди не се пријавени во база веќе трет ден. 

Оваа зима на масивот Каракорум неколку различни екипи се во обид за зимски искачувања на Нанга Парбат и К2. Екипите немаа голема среќа со временските услови во и онака суровата зимска околина на овие високи планини, поради што скоро воопшто и да немаа значителен напредок на рутите. 

Откако следеше сериозен циклон во овој предел кој ги остави буквално заглавени во нивните базни кампови сите екипи во период од околу 2 недели, времето се расчисти и од некаде 22.02 (петок) екипата составена од Италијанецот Даниеле Нарди и Британецот Том Балард се врати на планината.

Сепак, ситуацијата не оди на добро затоа што парот нема вратено комуникација веќе подолго време. Последен пат се забележани на 6000 метри, а од базниот камп доаѓаат информации дека и покрај добрите временски услови и видливост, тие не успеваат да забележат движење на стената веќе трет ден.

Алармот е веќе покренат бидејќи од утре, временските услови се очекува значително да се влошат. Последните информации велат дека пакистански хеликоптер во Скаду заедно со Али Садпара се подготвува да се упати над стената Диамир во потрага по Балард и Нарди. Проблем во целата спасителна ситуација прави последниот конфликт помеѓу Индија и Пакистан за регионот Кашмир што ја одолговлекува дозволата за летање.

Екипата од К2 истотака беше повикана да биде на готовс доколку има потреба за помош.

Даниеле и Том се во обид за зимско искачување на овој врв. Минатата зима во слична ситуација беа најдени и парот Мацкиевич-Револ каде беше истотака организирана спасителна акција. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија