мЗаедница – Мобилна апликација за граѓаните на Општина Карпош

Комуницирајте со општината брзо и ефикасно, користете ги вашите мобилни телефони и вклучете се во акциите за подобрување животот во општината, поддржете ги акциите на вашите сограѓани.

мЗаедница (mZaednica) е мобилна апликација која на граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да комуницираат со локалната самоуправа и да влијаат врз активностите кои ги превзема општината.

Апликацијата има три основни компоненти: ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ, СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ И ПОКРЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ.

Апликацијата нуди можност за: Директна комуникација со локална самоуправа Поврзување со сите корисници на мобилната апликација Поврзување со социјалните медиуми Апликацијата мЗаедница е дел од проектот “Вклучена младина за м-партиципација” е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а го реализира Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија