Ватикан ќе брка олимписка норма

Атлетскиот свет и заедница е збогатен со членови на светата столица.

Минатата недела во Ватикан беше соопштено дека овој град-држава формира атлетски тим. Тимот кој е составен од 60 луѓе сеуште чека на медицинските тестови и официјалните дозволи од Италија пред и официјално да биде одржан првиот тренинг. Со Ватиканската репрезентација ќе раковидо Отец Мелхор Хозе Санчез кој е претседател на тимот и претседател на комисијата за спорт во Министерството за спорт на Ватикан.

Тимот ќе биде составен од официјални лица како сестри и свештеници, но и луѓе кои се дел од Ватикан но работат несвештенички професии како: новинари, пожарникари, војници, фармери и.т.н. Членовите се на возраст помеѓу 18 и 62 години а меѓу нив има и некои со сериозни времиња во своето атлетско досие.

Една од нив е и Михела Кипрети која во Ватикан работи како аптекар. Таа минатата 2018 година била победник на Виенскиот полумаратон со време 01:22:57 , а исто така била победник на бројни трки на 10км низ Италија.

Отец Санчез вели дека првенствено тимот бил формиран за да се сподели страста и љубовта која членовите на Ватикан ја имаат кон спортот но и дека во иднина можеби и ќе се најдат на едно големо натпреварување како на пример Олимписките Игри.

Тимот засега се среќава еднаш неделно за да одржи заеднички тренинг но отец Санчез вели дека тоа е прилично тешко бидејќи голем дел од репрезентативците всушност и не живеат во Ватикан. На пример Италијанскиот свештеник Џовани Буентемпо кој живее во Њујорк. Покрај краткоричните цели на тимот како што се дружењето и ширењето на радоста и солидарноста, тие исто така се надеваат и на одредени постигнувања и тоа на меѓународни наптреварувања како што се Европските Игри на мали земји на кои тие планираат не само да учествуваат туку и да се закитат со медали.

Своето деби репрезентацијата го има месецов на трката на 10км La Corsa de Miguel, а во продолжение на годината ќе бидат учесници и на трки во и околу Рим, како и на големи светски настани како маратонот во Валенсија.

-“Тешко е да се очекува дека во блиска иднина би можеле да го видиме знамето на Ватикан како дел од Олимписките игри. Но тоа е мојот сон”- вели Санчез

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија