Зимско брзинско искачување и спуштање на Митикас

Како дел од припремите за брзинскиот обид на Аконкагва кој се планира да се направи во февруари следната година, нашиот планинар и тркач Александар Кирковски успеа да направи одлична подготовка на највисокиот врв на Олимп – Митикас 2917 мнв.

Кирковски успеа да го искачи и спушти Митикас кој е висок 2917м од страната на Горциа т.е. по класичната зимска патека за 7 часа и 10 минути. Патеката е тешка и напорна, во должина од скоро 25 километри (напред-назад), а во истата се искачуваат 2200 висински метри. Како за споредба, за класично планинарење на оваа релација потребни се 2-3 дена. 

Во текот на искачувањето Кирковски имаше логистичка поддршка од Петар Ивановски, Дејан Тодевски и Саша Грбиќ. 

Минатата година како дел од балканската зимска трилогија, Кирковски и Јовановски успеаја да го искачат и спуштат Митикас по истата патека во раните утрински часови со време од 9 часа и 26 минути, подвиг кој беше опфатен и во краткото филмче „Зимска Балканска Трилогија” на Горан Вуќиќ.

Следната година на крајот од јануари и февруари, Криковски со мала екипа ќе се обиде брзински да го качи и спушти највисокиот врв во јужната и западната полутопка – Аконкагва 6963 мнв. 

ГПС запис: https://www.strava.com/activities/2033720593

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија