Спортски оскари за најдобрите жени во спортот во 2018 година

Овој четврток на 20.12.2018 во хотелот Александар Палас во Скопје за прв пат се одржа гала настанот „Вечер за жени во спортот„ на кој за првпат се доделуваа спортски оскари за најдобрите жени од спортот.

На овој настан во свечена атмосфера се доделија награди во тринаесет категории и се славеше успехот и најдобрите спортски достигувања на жените спортистки во 2018 година. Лауератка за 2018 година и најдобра спортистка е фудбалерката Наташа Андонова.

Целта на овој настан беше да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Р. Македонија, да се актуелизира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.

Оваа манифестација беше реализирана од граѓанската организација ТАКТ, Скопје која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт, а поддржана од Стејт Департмент на САД, Европска комисија со Европска недела на спорт и амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Категории:

1. Најнадежна млада спортистка – Ана Марија Георгиевска(таеквондо)
2. Најдобра спортска новинарка – Ирена Андреевска (МТВ)
3.Најдобра спортска менаџерка – Моника Гавриловска (МКФ)
4.Најдобра судијка – Марија Илиева и Сивлана Карбеска
5.Најдобар женски тренер – Јулијана Црвенкоска(ракомет)
6. Најдобар женски тим – ЖРК Вардар
7. Најголем придонес за родова еднаквост во спортот – Ленче Алексовска Величковска
8. Организација за позитивни општествени промени преку спорт – Специјална Олимпијада Македонија
9. Посебно признание за животно дело – Стојна Вангеловска
10. Најдобра спортистка со инвалидитет – Оливера Наковска Бикова(стрелаштво)
11. Најдобра спортистка во колективен спорт – Сара Ристовска(ракомет)
12. Најдобра спортистка во индивидуален спорт – Ангела Мојсовска(карате)
13. Најдобра спортистка за 2018та година – Наташа Андонова (фудбал-Барселона)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија