Вечер за жени во спортот – 20.12.2018

На 20ти декември во Скопје ќе се одржи гала настан „Вечер за жени во спортот” кој за првпат се организира во Република Македонија.

На овој настан во свечена атмосфера ќе се доделуваат награди во тринаесет категории и ќе се слави успехот и најдобрите спортски достигувања на жените спортистки во 2018та година.

Целта на овој настан е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Р.
Македонија, да се актуелизира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.

Оваа манифестација е реализирана од граѓанската организација ТАКТ-Скопје која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт а поддржана од Стејт Департмент на САД, Европска комисија со Европска недела на спорт и амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Категории:
1. Најнадежна млада спортистка
2. Најдобра спортска новинарка
3.Најдобра спортска менаџерка
4.Најдобра судијка
5.Најдобар женски тренер
6. Најдобар женски тим
7. Најголем придонес за родова еднаквост во спортот
8. Организација за позитивни општествени промени преку спорт
9. Посебно признание за животно дело
10. Најдобра спортистка со инвалидитет
11. Најдобра спортистка во колективен спорт
12. Најдобра спортистка во индивидуален спорт
13. Најдобра спортистка за 2018та година

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија