Успешно седмо издание на Skopje Ice Festival

Викендов од 7-9 Ноември се одржа седмото издание на меѓународниот турнир во хокеј на мраз Skopje Ice Festival

Skopje Ice Festival е традицинален меѓународен турнир во хокеј на мраз кој годинава се одржа по седми пат. Натпреварувањето е во организација на Македонската Хокеј Федерација, а домаќин на истиот е тимот на Металург од Скопје.

На годинешното издание на турнирот учествуваа четири екипи кои меѓусебно ги одмерија силите. Покрај нашиот Металург учество земаа и екипите на Спартак Суботица(Србија), Торпедо Букурешт(Романија) и Славија Софија(Бугарија)
Натпреварите се одиграа во една група а најдобрите беа прогласени според подобар гол количник. Па така најуспешни беа хокеарите на Спартак Суботица, второпласиран беше тимот на Славија Софија, нашиот Металург се најде на третото место а последен беше тимот на романскиот Торпедо Букурешт.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Хокеарот на Славија Софија Мартин Миланов.

Напреварите и целиот настан се одржаа во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија