Победа – прво зимско искачување на еден од најстудените врвови

Минатата зима на 11 февруари, Тамара Лунгер и Симоне Моро го направија првото зимско искачување на врвот Победа во зафрлените сибирски делови од регионот Саха – Јакутиа, најстуденото место во северната хемисфера. 

Врвот Победа висок 3003 м.н.в се наоѓа во планиснкиот масив Черски и претставува највисок врв во целиот Сибир, а воедно се наоѓа во регион кој е познат и по најниските измерени температури во северната хемисфера. Во селото Оимјакон кое се наоѓа во овој регион се измерени рекордни -72 Целзиусови степени, а просекот во зимските периоди е под -50. Единствено место каде е измерена пониска температура на планетата е Антарктикот.

Пик Победа во Јакутиа не треба да се помеша со Пик Победи (Жениш Чокусу) кој се извишува на 7439 мнв на граница помеѓу Киргистан и Кина и се наоѓа во масивот Тиан Шан. Овој врв претставува еден од петте врвови повисоки од 7000 метри на територија на поранешната СССР.

Во следното видео имаме можност да го погледнеме искачувањето на Симоне и Тамара во суровите поларни кругови на Сибир и врвот Победа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија