Како се снимаше филмот „Слободно Соло”

Кратко 10-минутно парче од Њујорк Тајмс кое ја раскажува приказната за камерманите и целата продукција која беше позади снимањето на филмот „Слободно Соло”, односно денот кога Алекс Хонолд единствено со своите две раце и нозе ја искачи стената Ел Капитан на Јосемити.  Процесот од подготовка, на целата екипа како и на Алекс, до финално снимање трае околу две години, а за да се нафати продукција да ја сними приказната е еднакво лудо како и она што тој го прави. 

На 3 јуни 2017 година качувачот Алекс Хонолд стана првиот човек што без јажиња и било каква дополнителна опрема се искачи на стената Ел Капитан во националниот парк Јосемити.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија