Експедиција – Брзинско искачување на Аконкагва 2019

По одличните резултати и достигнувања во доменот на  брзинските искачувања на високите врвови во Европа, Александар Кирковски заедно со двочлена логистика се во план за организирање на експедиција за брзинско искачување на највисокиот врв во Јужна Америка – Аконкагва 6963мнв. За остварување на овој спортски подвиг, тимот има потреба од поддшка од спонзори и компании, па затоа го доставуваат овој отворен повик. 

Врвот Аконкагва 6963 мнв се наоѓа на планинскиот масив Анди во Аргентина и претставува највисок врв на западната и јужната хемисфера, а обидот на македонската експедиција ќе биде да се искачи и спушти највисокиот врвот за време под 12 часа од базниот камп до врвот и назад. Тимот e составен од 3 члена, Александар Кирковски, Петар Ивановски и Димитар Тодоровски членови на планинарскиот клуб Македон од Скопје.

Александар Кирковски досега има постигнато бројни македонски рекорди на повеќето европски врвови, искачување на врвот Елбрус во 2018 година со време од 5 часа 18 минути, искачување и спуштање на Мон Блан 4810 мнв. – француска страна (6 часа и 26 минути), а оваа година успеа да направи ново време на Мон Блан 4810 мнв. – италијанска страна (9 часа 58 минути), Матерхорн 4478 мнв. (7 часа 1 минута) и Гран Парадизо 4167 мнв. (4 часа 43 минути).

За остварување на овој спортски подвиг, екипата има потреба од поддшка од спонзори и компании, па затоа се обраќаат до сите кои имаат можност да помогнат на тимот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија