264 километри на лента за трчање – Нов Гинисов рекорд

Ултрамаратонското трчање за најголемиот дел од луѓето е спорт кој тешко може да се разбере. Замислете трка на 24 часа. Навистина лудо. Сега замислете трчање на подвижна лента во времетрање од 24 часа и претрчани 264 километри. Како ви звучи ова?

Норвежанецот Бјорн Торе Кронен Таранген (39) е сопственик на новиот Гинисов рекорд за трчање во тек на 24 часа на подвижна лента. Тој на 11 Октомври во Берген Норвешка, успеа истрча 264,52км и да го подобри стариот рекорд кој изнесуваше 261,18км.

Овој неверојатен спортски подвиг во суштина и не бил примарна цел на Таранген. Тој овој настан првенствено го замислил како хуманитарно трчање на кое имал за цел да собере што е можно повеќе парични средства кои подоцна би ги донирал на детската клиника во Берген, Норвешка.

На крајот оваа “авантура” имала и тоа како среќна завршница бидејќи Бјорн не само што успеал да постави нов Гинисов рекорд туку и собрал над 12000 долари за клиниката во Берген.

За времетрањето на настанот Таранген имал подршка од познати јавни личности кои му правеле друштво трчајќи по еден час на лента поставена веднаш до неговата. Лентата на која трчал Бјорн била наместена на брзина од 11.1 км на час или нешто побргу од 5:30мин по км во просек. По завршувањето тој изјавил дека најтешко му било помеѓу 15 и 19 час. Во овој период тој вели деку му помогнала гласната музика која ја слушал и поддршката од најблиските.

За ваквиот успех тој се подготвувал со по две тренинг сесии секојдневено и внесувајќи големи количини на јаглехидрати во текот на денот. Фазата на “тејперинг” (подготовка неколку недели пред трката) била подеднакво важна, особено во последната недела.

Што се однесува до исхраната за време на 24 часовното трчање, тој вели дека била убедливо најтешкиот дел од целиот предизвик. За време на настанот тој внесувал пица со сирење, шунка, солено-благи бонбони, домати и кока кола во големи количини.

За Таранген ова не е прв ваков рекорд. Неговиот претходен најдобар резултат во истата “дисцпилина” изнесуваше 257.6км. Негова нова цел е титула на Светското првенство на 24 часа но овој пат на кружна патека.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија