„УНИВЕРЗАЛЦИ“ ЗГАЗИЈА ВО КУМАНОВО

Екипата на „Универзалци” со три златни медали и пехар

На државното првенство во бокс на Република Македонија, боксерскиот клуб „Универзалци“ од Скопје се закити со три златни медали и со пехар во категорија за најдобар клуб.

Во финалето Марко Стојаноски го победи Имет Зулали од Б.К „Алексо Огненовски” од Охрид се закити со златен медал и стана двократен државен првак на Република Македонија.

Борјан Јаноски го победи Амир Беќири од Б.К „Фајтер Илери” од Куманово и дојде до титулата државен првак.

Филип Зивосовски го совлада Синан Џеладин од Б.К „Тернипе” од Скопје се закити со златен медал.

Респект за противниците. Екипата на „Универзалци” имаше 100 процентен учинок на ова државно првенство, не застануваме тука, продолжуваме и ќе атакуваме на нови успеси!!! Тренерот Васко Цубалевски е задоволен со изведбата на неговите боксери !