Супер прво издание на Китка Треил Ран 2018

Оваа година за прв пат на територија на општина Кисела Вода и планината Китка се одржа трка во планинско трчање – Китка Треил Ран.

На 14.10.2018 во организација на ПСК Драчево „Филип Чакаров” се одржа трката Китка Треил Ран, настан во планинско трчање каде централно внимание имаа две планински трки со различна должина и тежина.

Подолгата патека „Китка Ран” одеше од месноста Три Круши (старт и финиш на трката), селото Вртекица, врвот Китка и домот Китка и пештерата Шпела откаде повторно се враќа на Три Круши. На истата учествуваа 50 тркачи кои се предизвикаа во неколку часа да изминат некои од најубавите предели на планината Китка. Должината на патеката беше 27 километри со 1400 висински метри.

Најбрз на оваа трка беше Александар Стојкоски со време од 2:38:01, втор беше Никола Илиевски 3:05:17, а на делба на третата позиција Игор Јовановски и Жикица Ивановски со време од 3:07:07.

Кај жените, прва беше Сања Најдовски 3:49:44, второ место беше Катерина Николовска 4:23:27, а трета Лила Крстевска 4:26:55.

На помалата трка „Шпела Ран”, пак, учество земаа 53 натпреварувачи кои ја посетија пештерата Шпела во близина на селото Вртекица.

Најдобрите тројца во машка категорија беа: Михаел ван Белен од Белгија 1:06:26, Марио Вељанов 1:11:00, Александар Талески 1:13:04, а кај жените Марија Пеликон 1:27:39, Андријана Спировска 1:28:29 и Елена Ртоска 1:36:20.

Сите резултати може да се погледнат тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија