Возењето на 1000 превои

Во 2017 година на неколку месеци пред неговиот 60-ти роденден, Фил Декер заминува на велосипедско возење на 1000 превои кои има цел да ги комплетира во рок од 100 дена. Во видеото тој зборува нешто повеќе за идејата и замислата, неговата детална посветеност и истрајност за да се успее во зацртаното „возење на 1000 превои”. 

Предизвикот наречен „Сто Превои” (The Cent Cols Challenge (CCC) е создаден токму од Фил уште во 2007 годинa. Секоја година мала група на одбрани велосипедисти тргнуваат на однапред предодредена рута која треба да мине низ 100 превои на одредено место, во главно тоа се на Алпите и Пиринеите, а сето тоа се прави во само 10 дена.

За 10-годишнината на CCC, Фил решава да направи ултра верзија на предизвикот која ја нарекува „Возењето на 1000 превои”- односно десет CCC ставени едно по друго.

Фил започна во Корзика во мај, а после едно долго лето тој заврши во Кантабрико на 4 октомври 2017. Вкупно измина 20000 километри со 500000 метри висина или на ден во просек по 200 километри со 5000 метри висинско искачување.

Повеќе тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија