Успешно прво издание на Чупино Трејл 2018

Плачковица е прекрасна планина со густи шуми и високи пасишта, дава дебела сенка и широк поглед. Чупино е вториот врв на Плачковица со 1725 мнв, веднаш зад Лисец со 1754 мнв. Од Чупино се гледаат сите четири ќошеви на Македонија – Љуботен, Руен, Беласица и Галичица.

Идејата е како гравитација – се што и треба е малку да се поттурне. 2 години бе потребни за да се турне Чупино Трејл, од причини што организаторите собираа искуство како тоа де биде во најдобро можно светло. Тоа и се случи.

На 02.09.2018 стартуваше Чупино Трејл 2018 со две трки – Чупино трејл 35км со 34 тркачи и Бумбарска трејл 13км 69 тркачи; со по еден DNF на двете трки. Времето беше одлично со мала забелешка на топлината. Но, кога станува збор за огранизирање на Трејл настан, мајката Природа е единствена која не може да се контактира и договори за одлични временски услови.

Почетните километри на двете патеки се на ридовите јужно од Виница, на подножјето од Плачковица. Висока температура ги стави тркачите на тест, кои не се предадеа толку лесно. Бумбарска трејл своите километри си ги обработи на ридовите, Чупино трејл водеше право до врв Чупино. 
Од јужните ридови, низ селата Липец и Блатец, Чупино Трејл патеката ги предизвика тркачите на нецело 6 километарско искачување до Чупино.

Движењето низ густи шуми и отворени простори кое дава малку простор за трчање, колуминара со прекрасен поглед од врв Чупино од каде убаво се гледа целата Чупино Трејл релација. Тие што пристигнуваа на врвот, го заслужија следниот спуст и густата шума низ пределот нарече 9-буки-браќа. 
Трчањето низ оваа шума е прекрасно задоволсто кое сите учесници го заслужија.

Патот поминува покрај врв Лисец, кој оваа година е заобиколен, и продолжува северно по сртови со густа шума и откриени површини. Со слаломско суштање се пристигнува до пунктот на местото Шипок – каде Чупино и Бумбарска трејл се пресретнуваат. Завршните километри се повторно на ридовите јужно од Виница. Тие водат низ археолошкиот локалитет “Виничко Кале”, за на крај, последниот километар да е на главната улица во Виница со Цел во Градски Парк.

Првите три места на Чупино трејл 2018 во машка конкуренција приднаа на:


1. Александар Спасов (БГ) – 3:48:07

2. Александар Кирковски (МКД) – 3:53:51
3. Росен Русев (БГ) – 3:55:10

Првите три места на Чупино трејл 2018 во женска конкуренција приднаа на:
1. Соња Најдовски (МКД) – 5:39:41

2. Мери Мирческа (МКД) – 5:56:34

3. Катерина Николовска (МКД) – 6:38:35

Првите три места на Бумбарска трејл 2018 во машка конкуренција приднаа на:
1. Димитри Михајло Миовски (МКД) – 1:13:44

2. Михаил Крстов (МКД) – 1:13:53

3. Стојче Петровски (МКД) – 1:16:57

Првите три места на Бумбарска трејл 2018 во женска конкуренција приднаа на:
1. Антонија Брезовска (МКД) – 1:30:30

2. Марија Пеликон (МКД) – 1:34:36

3. Фросина Мариноска (МКД) – 1:36:01

Цела листа на резултати

Наградниот Фонд за учесниците на Чупино Трејл во машка и женска конкуренција изнесуваше 600 евра.

Сите учесници добија стартен пакет со dry-fit маица, подароци од спонзорите и финишер медал. На Стартот, за финишерите и гости следуваше забава со ДиЏеј, овошје, ладни пијалоци, ладно пиво и сендвичи.

И покрај жешкото време, првото издание на Чупино Трејл 2018 ги испрати тркачите со позитивни импресии и чувство на освоена Плачковица. Организаторите веќе работат на второто издание – Чупино 2019.

Честито прва Чупино Трејл трка и нека се множат.

Од организаторите

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија