Западна Македонска Трансверзала 2018
Во текот на 9 денови поминавме преку целата Шар Планина, Бистра, Стогово и Караорман, со тешки ранци, храна и опрема, нешто што за мене беше неверојатно искуство… Догодина се гледаме повторно.
Самиот старт на трансверзалата не ветуваше убаво време, така што во првите 3 дена имавме страшно невреме со силен ветер, замрзнат дожд и густа магла, па бевме приморани голем дел од времето да го поминеме во шатор. Ветерот буквално ни го рушеше шаторот…
Но, и покрај сите тие природни временски непогоди, ние не се откажавме, покажавме психолошка стабилност и продолживме понатаму.
Во наредните денови времето ветуваше се повеќе, следеа сончеви денови а планината не угости во полн сјај. Целата трансверзала минува низ прекрасни недопрени предели, езера, реки, извори и врвови, а скоро во целата должина движевме над 2000 метри надморска височина во тотална изолација.
Во текот на 9 денови поминавме преку целата Шар Планина, Бистра, Стогово и Караорман, со тешки ранци, храна и опрема, нешто што за мене беше неверојатно искуство… Догодина се гледаме повторно.
Автор – Крумислав Јововски