Сенад и Амир стигнаа до Истанбул – попатна точка на нивното патување до Мека и Медина

Велосипедистите Сенад Идризи и Амир Аслани кои пред 10-тина дена од Тетово тргнаа на нивниот велоаџилак до Мека и Медина со велосипед, сега се веќе во Истанбул.

Во нивното досегашно патување кое траеше 10 дена тие поминаа 850 километри со 8500 метри денивелација. Овие неколку дена тие се одмараат во Истанбул откаде ќе продолжат за Бурса, Ескишехир, Коња, Мерсин со следна цел – Александрија во Египет. 

Патувањето започна на 23.06.2018 од Тетово а велосипедистите минаа низ Албанија – Тирана, Фиер, Џирокастер за Грција и Турција.

Комплетни детали за нивниот велоаџилак ќе прочитате тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија