Трето издание на Алшар – Допри го сонцето

Овој викенд од 8 до 10 јуни во скриеното село Мрежичко и преубавата бујна природа на кавадаречко Мариово ќе се одржи третото издание на велосипедскиот настан Алшар – Допри го сонцето. 

На тридневниот настан во природа и на отворено, учесниците ќе имаат можност да искусат повеќе културно-уметнички и спортско-рекреативни активности во кампот и целиот предел на кавадаречко Мариово. За сабота 9 јуни се планирани возење на крос и теренски возила низ Алшар и околината, а вечерта е предвиден ди-џеј настап на Славе Келешовски и свирка на групата Bad Ass All.

Учесниците ќе имаат можност да се сместат во камп зоната, а со секоја купена карта тие добиваат богат стартен пакет со одлична маичка на настанто. Неделата е резервирана за спортските активности. Велосипедистите ќе имаат можност да одберат една од три велосипедски патеки – голема, средна и мала кои минуваат низ живописните делови на регионот.

Планинарите, пак, во организација на ПСД Орле ќе имаат можност да одат две патеки – голема и мала на падините на планината Кожуф.

Пријавувањето е одамна во тек, а сите расположени за добра дружба и спортување во природа можат повеќе да се информираат на следниот линк.

Организаторот на настанот, здружението Тиквешки Точакџии Кавадарци на сите учесници, како и останати посетители им посакува многу дружење, забава, прекрасни тури и незаборавни моменти од третиот по ред настан АлШар.

Целосната програма може да ја видите тука

Целосната мапа може да ја видите тука

На следното видео можете да видите каква беше атмосферата на првото издание во 2016 година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија