Дива мачка усмрти велосипедист во САД

Овој викенд во подножјето на Каскадните планини близу Сиетл две лица кои рекреативно возеле велосипед беа нападнати од дива мачка – пума. Едното лице заврши со смртни последици.

Двојката возела планински велосипед во месноста Норт Бенд кога приметиле дека се следени од дивата мачка. Тие направиле се што можеле за да го исплашат и избркаат дивото животното – се симнале од нивните велосипеди и се обиделе да го истераат, дури и едниот го удрил со неговиот велосипед кога истото нападнало за прв пат.

Но и покрај овие обиди тие биле нападнати во втор напад на животното по што едното лице на возраст од 32 години се здобило со потешки повреди и починало на лице место, а другото се здобило со потешки повреди. 

Повредениот велосипедист морал да вози 3 километри за да добие сигнал и да повика помош. Откако истата пристигнала, специјалната полициската екипа го еутаназирала животното за понатамошна анализа по што се покажало дека мажјакот пума кој бил на 3 годишна возраст тежел 45 килограми што е далеку под просекот за таа возраст (70-80 килограми). 

Преку некропсија и анализа на животното ќе се обиде да се докаже зошто тој бил потхранет и дали има некоја конкретна причина за настанот. 

Ова е втор смртен случај од дива мачка во последните 100 години во Вашингтон, но нападите се и тоа како чести на оваа територија особено во поновата историја што се поврзува со човечкото узурпирање на живеалиштето на животното. Од сите 16 напади од пума на територијата на Вашингтон, дури 7 се случени во 90-тите години. 

Во 2017 година во Алјаска 16-годишен учесник на трка во планинско трчање беше усмртен по напад од мечка. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија