Бостон Маратон наназад?

Бостонскиот Маратон е еден од најпрестижните во светот. Маратон со голема историја и сон на секој маратонец. Да се биде дел од него е привилегија и мотив како ниеден друг. Токму на него едно типче од Лос Анџелес ќе се обиде да го сруши Гинисовиот рекорд во трчање маратон ама наназад.

Лорен Зитомерски е аматерски спортист од Лос Анџелес, Калифорнија кој речиси целиот свој живот го посветил на собирање средства и за зголемување на свесноста за епилепсијата и невролошките пореметувања од што починал неговиот брат.

Досега тој учествувал на повеќе трки и настани со истата цел и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина. Неговата следна цел е престижниот Бостонски Маратон на кој за да привлече поголемо внимание тој ќе трча наназад. За потребите на овој подвиг тој учествувал на повеќе трки со пократка дистанца (10км и полумаратон) и во својата тренинг порграма успеал да претрча 450милји наназад. Зимерски за маратонот во Востон се квалификувал со време 3:00:14 што е сериозно маратонско време, а понесен од тоа и трките трчани наназад тој ќе се обиде да го нападне Гинисовиот рекорд за најбрзо истрчан маратон наназад кој моментално е во сопственост на кинезот Ксу Зенјун и изнесува 3:43:49.

Во своите досегашни трки и настани Зимерски успеал да собере 210,000 долари.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија