Нагорнината во Маниту Спрингс – поинакво планинарење

Нагорнината Маниту (The Manitou incline) е легендарна патека за планинарење која се наоѓа во резерватот Маниту Спрингс во државата Колорадо. Патеката е посебна по тоа што таа впрочем се движи по остатоци од железничка пруга која се протегала долж планината а која своевремено се користела за транспорт на вода од изворите на планината.

Патеката е долга 1420м и по целата нејзина должина искачувањето е по праговите (околу 2700) од некогашната пруга. Нејзината најниска точка се наоѓа на 2000м надморска височина додека пак највисоката точка е не 2620м. Просечниот успон на патеката е 45% а во некои делови таа достигнува 68% што доволно зборува за колку е во суштина стрмна.

Ова култно место се до 1990 година било историска атракција но по еден голем одрон на карпи, пругата била трајно оштетена и оттогаш па наваму се повеќе расте нејзината популарност како екстремна хајкинг патека. На ова место се одржуваат и трки во брзо качување. Рекордот на патеката го држи Џозеф Греј кој успеал да ја истрча за 17 минути и 45 секунди. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија