Како да се користи телефонот во случај на несреќа

Повеќето од нас не се одвојуваме од своите телефони, но дали знаеме правилно да ги користиме во случај на несреќа? Неколку корисни совети за сите планинари, извидници, рекреативци, скијачи и љубители на природата

Слаб сигнал? Не може да се воспостави контакт? Пробајте со СМС порака!

За СМС порака е потребно минималнa јачина на сигнал, а троши и помалку батерија и да не заборавајте да наведите детали за несреќата, име на личноста која ја испраќа пораката, локација и сите останати информации кои им биле од корист на спасувачките служби.

По некое непишано правило батеријата секогаш ни се празни баш тогаш кога имаме најмногу потреба, а на ладно време батеријата се троши многу побрзо од вообичаено. Кога одите во планина најдобро е на телефонот да наместите режим за зачувување на батеријата (battery saving), намалете ја светлината на телефонот на минимум, исклучете ги непотребните апликации како и wi-fi кога нема сигнал или потреба за интернет.


ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ – УПОТРЕБА НА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ВО ПЛАНИНА


Исклучете го исто така и Bluetooth како и вибрациите на телефонот, но не и телефонот операторите можат да ве лоцираат ако телефонот е приклучен,а со тоа и побрзо и поефикасно извлекување од несреќата. Телефонот чувајте го во внатрешниот дел на јакната ако времето е ладно, додека екстерните батерии се спас за телефоните во зима.

Додека разговарате бидете кратки и јасни, избегнувајте движење додека разговарате.

Дали знаете како преку апликациите Google Maps и Viber да ја испратите својатамоментална локација? Овие опции можат да бидат многу корисни ако не знаете каде се наоѓате или не можете да им објасните на службата за спасување или семеството каде би можеле да бидите.

П.С. Проверете како работат пред навистина да ви затребаат