Водно-Матка – Приклучи се на предизвикот

Првото издание на планинскиот маратон Водно-Матка е закажано за некои 18-тина дена, а вториот бран за пријавување истекува на 11 март. Приклучи се на предизвикот!!

Водно-Матка Треил Маратон ќе го има своето прво издание на прагот на пролетта од оваа година, поточно на на 25.03.2018. Пријавувањето ќе може да се направи до самата трка, но сепак, доколку сакате да добиете брендиран подарок од трката, тогаш ќе мора да го потврдите вашето присуство до крајот од оваа недела на 11.03.2018. – повеќе на следниот линк

Трката е отворена за сите љубители на планината и движењето, а патеките минуваат низ едни од најинтересните делови и погледи на пределот како и бројните културно-историски локалитети во околината – вкупно 7 цркви и манастири, покрај реката Треска и езерото Матка, селото Горно Нерези итн. Повеќе информации може да пронајдете на веб-сајтот vodnomatka.mk 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија