Деца ги избираа маскотите на ЛОИ 2020 Токио

Минатата недела во Токио беа откриени маскотите за летните олимписки и паралимписки Игри 2020 година кои ќе се одржуваат во главниот град на Јапонија. Честа за избор на маскотите беше доделена на најмладите и најнадежните – децата. 

Летните олимписки Игри во 2020 година се селат во земјата каде маскотите и манга-стриповите се исклучително важен дел од културата на општеството. Јапонија и домаќинот Токио уште оваа зима ги пронајдоа ликовите на маскотите на олимпијадата откако деца од скоро 17,000 основни училишта учествуваа во гласањето на истите. 

За почеток, од околу 2000 кандидирани опции за маскоти на олимписките и паралимписките Игри беа одбрани три варијанти кои беа испратени на финално гласање во овие основни училишта каде гласаа околу 200,000 класови. 

Избрана беше опцијата „А” која доби околу 100,000 гласови повеќе отколку останатите две опции. Имињата на маскотите се очекува да им бидат доделени во текот на ова лето, а истите имаат футуристички дизајн и наликуваат на некои од хероите од цртаните филмови и манга стрипови.

Со оваа одлука, олимпискиот Комитет направи одличен потег за уште поголемо мотивирање и доближување на спортот и рекреирањето кон најмладите и најнадежните граѓани на државата.

На последните зимски Игри во ПјонгЧанг, маскотите Сухоранг и Бандаби направија вистински бум во продажбата со продадени околу 100,000 маскоти што укажува на големата популарност на овој дел од Игрите на истокот. 

Во 2015 година беше одбрано и логото на Игрите кое беше проследено со бројни контроверзи откако истото беше пријавено за плагијат. Откако претходниот дизајнер Кенјиро Сано ја изгуби битката за правата, направено беше новолого за ЛОИ 2020. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија