Полјаците напредуваат на К2

Полската зимска експедиција на К2 сè уште се наоѓа на планината и трпеливо работи на потенцијалното прво зимско искачување на последниот од низата врви повисоки од 8000 метри. Во последниот допис, дуото Биелицки-Урубко се на 7400 метри. 

Изминува и вториот месец откако полската зимска експедиција се наоѓа на последниот голем фронт во зимскиот хималаизам – вториот највиоскиот врв во светот К2 кои со неговите 8611 м.н.в остана и едниствен неискачен во зимски услови. 

Експедицијата на познатиот Кшиштоф Вјелицки (своевремено еден од најдобрите полски хималаисти) воопшто немаше лесни задачи оваа зима. Откако се сместија и започнаа да работат на првично избраната насока – Баскиската рута, мораа да одоговрат на повикот за помош на алпинистичкиот пар Мацкиевич-Револ кои беа заглавени на Нанга Парбат. 

Екипата не се двоумеше за акцијата која искочи со полу-среќен, полу-тажен крај каде Адам Биелицки и Денис Урубко успеаја да ја спасат Елизабет Револ, но не и нивниот сограѓанин Томек Мацкиевич. 

Набргу после овие случувања, ударната игла на експедицијата се врати на К2 каде искачувањето и макотрпното работење на Баскиската насока продолжи. Во следниот период во неколку последователни денови Адам Биелицки заработува удар од камен во шлемот кој му го повредува носот (без поголеми други повреди), а и Рафал Фрониа бива удрен од камен одрон со што завршува со скршеница на раката. 

По овие незгоди, директорот на експедицијата Кшиштоф Вјелицки решава да се направи промена на рутата поради објективни опасности, па екипата се префрла на класичната рута – гребенот Абруци. 

Во изминатите неколку денови владеат подобрени временски услови, па екипите успеаја да напредуваат нагоре. Моментално Адам Биелицки и Денис Урубко успеале да постават камп на 7200 метри и да поминат една ноќ, а денеска на 20.02.2018 тие се искачиле до 7400 метри – 250 висински метри од зимскиот рекорд на К2. 

Останува да следиме и да видиме каков ќе биде епилогот на оваа експедиција во понатамошниот период. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија