Потпишан договор за соработка меѓу МОК и „ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести – Скопје”

Денес, претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Васил Тупурковски и медицинскиот директор на УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ-СКОПЈЕ”, Примариус Д-р Иван Спировски и организациониот директор Нермин Шаќири, потпишаа договор за партнерство со кој Универзитетската клиника „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ-СКОПЈЕ” ќе ги пружи своите услуги на MOK односно на најдобрите македонски спортисти-Олимпијци и Олимписки кандидати до 2020 година.

Универзитетската клиника (http://www.gradskahirurgija.org.mk), во комуникација и координација со МОК, ќе ги даде своите најдобрите можни услуги во однос на дијагностиката и хируршкиот третманот на спортистите, но и ќе даде високо квалитетни услуги во насока на подобрување на нивните врвни спортски перформанси.

ЈЗУ Универзитетска Клиника по Хируршки Болести „Св.Наум Охридски-Скопје” во системот на јавни здравствени установи во Република Македонија зазема значајно место поради патологијата која ја третира и обемот на работа кој го извршува. Целосната просторна, кадровска и технолошка опременост на оваа институција за дијагностика и третман на хируршки болни, го истакнува нејзиното значење во глобалниот здравствен и спортски систем на Република Македонија.