Денис Урубко околу зимско искачување на К2

Вториот врв по височина во светски рамки (со неговите 8611 м.н.в) е и единствениот кој досега се нема искачено во зимски услови. Оваа сезона, полска експедиција под водство на Кшиштов Виелицки и со Денис Урубко и Адам Биелицки како главни кандидати за искачувањето се во припрема за истото. Виелицки смета дека тимот има околу 5% шанси за успех, но доколку не се направи обид, никогаш нема да се знае.

Денис поседува сериозно планинарско резиме. Во 2009 година како граѓанин на Казакстан тој станува 15тиот човек кој ја комплетира Хималајската Круна како и осмиот кој тоа го прави без суплементарен кислород. Досега има качено два врвови повисоки од 8000 метри во зима (Макалу во 2009 година со Симоне Моро и Гашербрум II во 2011 со Симоне Моро и Кори Ричардс), а во 2010 година заедно со Борис Дедешко тој го добива Златниот Цепин за нивното искачување на Чо Оју (SE страна) во алпски стил. Досека тој има направено вкупно 19 искачувања на врвови повисоки од 8000 метри. 

Покрај овие искачувања, тој ја има добиено наградата „Снежен Леопард” (на Руски Снежный барс) за искачување на сите пет врвови повисоки од 7000 метри во Советскиот Сојуз (награда која се уште се доделува).  

Во подолното интервју целосно објавено во pytohm.com, а превземено од шпанскиот портал alpinismonline.com направено во март 2017 година, тој обелоденува некои од личните мислења и ставови за ова искачување, заедно со други поопширни гледишта на овие активности.

Информациите објавени пред извесен период (касна есен 2017) велат дека полската експедиција под водство на познатиот искачувач Кшиштов Виелицки е веќе оформена и овој период треба веќе да се тргнати за К2.

Се чини дека најдобрите зимски искачувачи доаѓаат од источна Европа, дали мислиш дека тоа е така? 

Не треба да правиме паралели. Некои интересни зимски искачувања се комплетирани од француски, италијански и шпански планинари. Телата и умовите на луѓето се многу слични насекаде низ светот. 

Сепак, многу од одлуките зависат од културолошките и историските релации на човекот со планините. Во западна Европа, луѓето имаат тенденција да прават поинакви активости за време на зимата. Скијањето е една од нив, и тоа е доста важна активност која е многу помалку популарна во Полска и Русија. 

Алекс Тсикон кажа „не” на твојата експедиција на К2. Сега тој оди повторно на Еверест без кислород во зима. Дали мислиш дека тој ја избра правилната насока по неговите неуспешни обиди минатата година?

Секако, Алекс има одлична форма и може да си ги брка неговите лични сништа и замисли. Јас имам доста почит према него. Но мора да ја разбереме дека „жештината” во авантура и истражувањето. Според моето понизно мислење, истата опаѓа со секој понатамошен обид. Спортските качувачи секогаш прават разлика помеѓу он-сајт качување и повторувачките обиди. Повторувањето ме прави тажен, особено ако одам по иста насока. На пример, искачувања на Нупце и Нанга Парбат добија „Златен Цепин” затоа што алпинистите тоа го сметаат за искачување во „чист алпинистички стил”, иако тоа беше повторување на рута. Ова го сметам за чудна појава. 

Оваа зима одам да пробам искачување на К2 и да стекнам искуство и знаење за гребенот Абруци. Зимските искачувања се секогаш огромни авантури. Алекс и јас сме во некоја паралела. Очекувам да го видам на највисоката точна на Еверест. 

Се здоби со репутација како еден од најсилните зимски качувачи и сега ќе се обидеш да ја затвориш листата на 14тата искачена 8000-ка во зима. Дали си подготвен да бидеш дел од историјата? 

Дури и да го направиме зимското искачување на К2, нема да биде возможно да ја затвориме „листата” бидејќи Борд Пик и Гашербрум I се уште не се качени во зимски период. (Брод Пик е качен во календарска зима на 5 март 2013, а Гашербрум I на 9 март 2013, но подоцна ќе откриеме зошто Денис не ги смета овие датуми за зимски)

Ќе биде одлично да се организираат експедиции на овие планини во иднина. После ова, можеби ќе можеме да зборуваме за историја. Многу луѓе би сакале да бидат вклучени во страниците на историјата, а јас не сум исклучок. Сепак, подобро е да бидеш качувач кој не ја брка таа цел. Мојата желба е да си ги исполнам моите лични цели како атлета и да ги истражувам моите мечти како уметник. Да се здобијам со исполнетост преку спопствените физички и ментални достигнувања. 

Што мислиш за вистинскиот алпски стил? Полесно, побрзо, за помалку време и со помалку пари…. 

Да, во право сте. Од година за година, планинарите имаат многу нови можности благодарение на модерниот стил. Напредокот во полето на техника, технологија и знаење овозможува доста помош на планинарите. Новите генерации на качувачи имаат достапно повеќе информации, нова опрема, шатори, разбирање во областа на аклиматизацијата итн. Сето тоа дозволува да се оди напред, да се дејствува со помалку двоумење и со поголема храброст. 

Дали си „за” комерцијализацијата на големите планини?

За мене е навистина тешко да разбоерам зошто работите во планините предизвикуваат толку многу гласни дискусии во јавниот дискурс. Не сум заинтересиран во комерцијален алпинизам, но не го гледам како проблем. Луѓето треба да имаат слобода за тоа како ќе ги тршат парите. Истотака, не гледам зошто луѓето како водачи, носачи и готвачи не би требало да заработуваат за живот преку планините. Опслужувањето мора да постои, тоа е нешто како „шоуто мора да продолжи”. 

Алпинистите можат да си прават сопствен избор. Проблемот започнува кога владата (на Непал, Пакиста, Кина) ќе воспостави нови правила за овие комерцијални експедиции. На пример, до пред 20 години беше слободно да се оди до Кумбу и Јужното седло, денес си задолжен да платиш Шерпа. Кога ќе ги додадеш овие трошоци на тие за дозвола за качување, станува невозможно за еден планинар да плати на владата на Непал, онолку колку што бараат. 

Ти и Пипи Кардел направивте нова насока на врвот Чапајев оваа пролет. Како беше искуството на планината?

Врвот Чапајева е мој сон од 1993 година. Колку што знам, никој го нема качено 22 години, а нова насока не е направена цели 37 години, без разлика на многуте обиди. Мојот сон беше да го искачам. Го одбрав префектниот момент и префектниот партнер, исто како во шах. Беше многу важно да воспоставиме добра, позитивна врска со Мариа Кардел во толку екстремни услови. Беше потребно да се контролираме еден со друг. Направивме многу искачувања во Европа и Азија минатата година, полека искачувајќи го нивото на ризик, чекор по чекор. За ова време дознавме многу за нашите лични карактерестики. Ова ми даде шанса да погледнам кон уште поамбициозни цели. Со Мариа бевме во можност да качуваме брзо и кампувавме без шатори, беше многу студено. Ги делевме последните резерви на храна и вода. Секогаш дискутиравме за ризиците со кои се соочуваме. Беше во исто време многу напнато и медитативно искутво, со позитивен крај. 

Што друго ти е на агендата да направиш во иднина?

За брзо ќе биде зима и многу е важно да сме добро подготвени. Редовно тренирам и ги калкулирам моите способности. Качувам само за квантитет, не квалитет, а од качувањата добивам искуство во планините преку малку екстремни рути, затоа што една мала грешка ќе ги наруши сите планови. Се грижам за себеси на секој можен начин. 

Во селото Валканале заедно со пријатели сме во обид да организираме нешто како интернационален камп. Би сакал да помогнам на млади планинари да ги подобрат нивните вештини. Имаме договорено посети на Шпанија и Полска.

Се уште барам време за да ја финиширам мојата нова книга на италијански. Има доста работи кои треба да се завршат. 

К2 во зима претставува огромен предизвик, честопати таа е опишана како пекол. Дали мислиш дека овој опис е точен? Кои се факторите што ја прават планината толку комплексна?

К2 е многу интересен предизвик за секој алпинист. Тоа е како сон. Не се сложувам да се користат изрази како „пекол” за така позитивен предизвик. Никој не би сакал да оди во пеколот. Нашите експедиции не се состојат од глупави луѓе, ние имаме цел да станеме победници и нишаниме да ги постигнеме нашите цели без разлика на многуте потенцијални проблеми и потешкотии. Ќе се соочиме со силни ветришта, заледени падини, ниски температури и кратки денови, одрони и лавини. Ова се нормални зимски услови и ние треба да бидеме подготвени без разлика на се. 

Кои се твоите причини за да го прифатиш овој предизвик?

Ова е период кога се чувствувам слободен, без некои поголеми обврски. 2017 година беше одлична година со искачувања на големи висини, во зима и лето. Ниедни одлуки не смеат да бидат сфатени за лесни на такви височини поготово во зима. Тоа е вистинска уметрост и би сакал да продолжам во брилијантна и нескршлива експлозија од позитивна енергија. 

Јас не би ги нарекол неуспех обидите кои не достигнуваат до врвот, туку стекнување знаење, искуство и тимска солидарност. После толку обиди на К2 (во некои дури и ти си учествувал) дали мислиш дека е правото време некој конечно да успее во тоа?

Времето нема влијание во овој случај. Дам во право си дека досега имало многу обиди на К2 во зима. Истите допринеле во знаење и идеи, но треба да запаметиме дека секое качување креира повеќе паника како и сомнеж. Тое е компромис. Не е коректно да се каже дека секоја нова експедиција има повеќе шанси за успех само затоа што претходно имало обиди. Сепак, во нов организационен стил, со нова технологија ние само ќе ја зајакнеме следната експедиција. 

Која е твојата стратегија за успех?


Според моето скромно мислење, примарната стратегија се базира на едноставни правила: работи силно, не дигај галама, замислувај ја реалноста како игра. Но не сум сам и потребна ни е стратегија за целиот тим. Мотивите и мислењата на другите членови ми се навистина важни. Никогаш нема да се откажам. Ќе се обидам да дадам се од себе за успех на целиот тим. Сите од Полска и многу луѓе од други делови на светот се дел од експедицијата.

Дали конкретно за оваа експедиција на К2 имате планирано стратегија? 

Мислам дека за ова прашање најдобро е да го прашате лидерот на експедицијата. Јас, како член, треба да бидам подготвен колку што можам повеќе за да стиснам до врвот. 

Од сите зимски експедиции на врвови повисоки од 8000 метри, кој беше/е најкомплексниот? Без разлика дали си го качил или можеби планираш?

Упс! К2, Макалу и Г2 се многу тешки проекти. Три целосно различни предизвици. Тоа е затоа што се бориме до последната шанса, пред да го достигнеме лимитот (ли да отидеме преку него) на нашите можности. Од сите мои зимски експедиции на овие врвови, само на Нанга Парбат во 2013 година беше лошо, поради контантно лоши ситуации и среќа. 

Рековте дека зимската сезона треба да биде мерена според „климатските фактори” а не според „астрономскиот календар”. Според ова зима во Хималаите и на Каракорам е од 21 Декември до некои 28 Февруари. Дали се уште стоите на ова мислење? Дали 28 Февруари ќе биде последниот рок за искачување на К2 во зима? 

Мислам дека периодот од 1 декември до 28-29 февруари може да се смета за права зима. Како што се доближуваме до проектот за К2, моето мислење не се менува, затоа што само си ја вршам работата и сакам да достигнам до врвот. Покасно или подцна од овие дати, не е важно. Она што е важно е достигнувањето. По експедицијата ќе провериме што точно сме достигнале со Кшиштоф Виелицки. 

Па, без некои прогнози, каква ќе биде ситуацијата во Март по обидот за зимско на К2?

Само посакајте ми среќа, ве молам. Ќе зборуваме за К2 во минато време, а не во идно. Посакајте ми среќа да се вратам дома, ве молам. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија