Лавинска безбедност: вовед за примопредаватели

Сè поголемата популарност на турно и фрирајд скијањето честопати знае да биде прифатена без поседување и знаење за правилно ракување на соодветна опрема за безбедност. Лавините се реална опасност која може и тоа како да се случи и на нашите планини, па затоа одвојте дел од вашето време за едукација, споделете информации и знаење со другите и вежбајте на терен. 

Погоре следи едно видео изработено од брендот BCA, а на македонски преведено од екипата на Алпинизам.орг, каде се зборуваат основите на функционирање на лавинските примопредаватели кои заедно со лопатата и сондата се основната тројка за лавинската безбедност во планините. 

Само за потсетување, оваа опрема е потребно да ја поседува секој од екипата која скија/борда, и уште поважно, секој треба да знае правилно да ја користи при време на нужност кое најчесто значи животозагрозувачка ситуација на вашиот пријател. 

Малку поопсежно видео можете да погледнете тука.

Погледнете, споделете и вежбајте. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија