Умереноста во исхраната не била така умерена во дебелеењето

„Од сè по малку” малку дебелеело

Умереноста во исхрана или народски, јадењето од сè по малку, долги години наназад се сметаше за најздрав и најприроден начин на исхрана. Првенствено затоа што не го лишувате вашето сетило за вкус и второ затоа што јадете сè што ќе ви падне на ум, но бидејќи е во помали количини немате грижа на совест. Се чини дека грешевме…

Во модерниот свет и модерната исхрана постојат десетици различни типови на начини на исхрана (диети) кои имаат свои приврзаници. Сите тие се разликуваат една од друга по тоа што исклучуваат една или повеќе намирници од листата на дозволени. Сепак постои еден многу стар пристап кој не исклулува апсолутно ништо а за кој долго се сметаше дека е “најздрав”.

Сепак, резултатите од студија работена на околу 7000 испитаници каде биле обработувани податоци од разноврсноста на консумираните намирници како и нивната нутритивна вредност велат поинаку. Резултатите од истражувањето покажале дека оние со најширок опсег на консумирани намирници имаат дури 120% поголеми шансиза да се поправат во споредба со оние кои се ограничуваат на одреден број намирници па дури и ако тие намирници не се најздрава опција.

Истражувачите велат дека и покрај тоа што првичната идеја на јадење сè во умерени количини има смисла, сепак на долги патеки ова може да предизвика сериозно зголемување на тежината и здравствени проблеми од две причини. Прво, ваквиот пристап значи дека нутритивната вредност од квалитетните производи кои ги внесувате буквални ги упропастувате кога на нив ќе ги додадете рафинираните шеќери од газираните пијалаци, бонбоните и десертите, транс мастите и заситените масти и презервативите од месните преработки, брзата храна и полуприготвената храна и второ, со ваквиот пристап буквално го занемарувате и немате контрола врз вашето чувство за глад па јадете и тогаш кога не ви се јаде.

Студијата покажала дека најдобриот начин на исхрана претставува оној кој ќе биде ограничен на одреден број на намирници со квалитетна нутритивна вредност. За крај, квалитетната исхрана подразбира здрава навика кон која се придржувате во најголемиот дел од времето. Повременото внесување на “џанк” храна нема да му наштети на вашето здравје и вашата форма.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија