Матча – еден од најбараните чаеви во светот

Матча е вид зелен чај кој се произведува во Јапонија провинциите Нишио, и благодарение на лековитите состојки тој е еден од најбараните чаеви низ целиот свет.

Чајот на сите чаеви, како што често го нарекуваат на далечниот исток, Матча е веќе познат неколку векови. Тој го забрзува метаболизмот и помага на телото во согорување на масти дури за четири пати побрзо, без да предизвика негативни секундарни ефекти, како што се забрзување на срцето и крвен притисок.

Матча чајот се произведува во многу посебен начин. Растението секогаш се расте под сенка, а листовите за обработка на овој чај се собираат четири недели пред да почне процесот на обработка. По собирањето на листовите, тие се затвораат и остануваат на суво сè додека, со помош на камена мелница не бидат истолчени во ситна прашина. 

Можеби не знаете, но чаша од овој чај содржи пет пати повеќе антиоксиданси од било кој друг пијалок, па дури и 100 пати повеќе вреден антиоксиданс EGCG, кој успешно се бори против ракот.

Овој горчлив зелен пијалак нè смирува, помага во концентрацијата и меморијата, додава енергија и стабилност, согорува калории, го детоксицира телото и е многу ефикасен во борбата против холестеролот…

Катехинот, кој се наоѓа во матча чајот, има својства на антибиотик што го забрзува целокупното здравје. Покрај тоа, само една чаша од овој чај ни дава значителни количини на калиум, витамини А и Ц, железо, протеини и калциум.

За разлика од обичниот зелен чај, овој чај секогаш треба да биде свежо подготвен.
Интересно е тоа што една чаша чај матча е еквивалентно на 10 чаши на зелен чај врз основа на хранливите и антиоксидантните квалитети.

Автор

Besart Beluli

Скопје

Македонија