Пони се враќа во полн сјај

Новото старо добро Пони

Сите го знаат и речиси сите научија да возат велосипед на легендарното Пони. Дваесет години по последниот модел на словенечката Рог, Пони се враќа на пазарот и тоа во полн сјај.

Првиот велосипед изработен од фабриката Рог во Словенија датира од 1949 година. Моделите на овој Југословенски гигант беа продавани насекаде во светот. Меѓу сите нив убедливо најуспешен беше малиот Пони велосипед. Илјадници вакви велосипеди се возеа низ цела Југославија и за чудо сеуште траат.

 

Во 2016 година компанијата Горење ги откупи правата за производство на Рог велосипедите и одлучи да направи римејк или модерна верзија токму на Пони велосипедот. Година и пол подоцна се појавија конечните верзии на новите Пони велосипеди.

Модерни, прилагодени на современите потреби и очекувања, со технички совршена опрема за градски велосипед. Првично се произведени 3 модели и тоа основна верзија со фиксен пренос и надградени варијанти со 3 и 5 брзини. Сите поседуваат алуминиумски рам, кожено седиште, Лед светло, V сопирачки и опционално багажно седиште. Рамката е со механизам кој дозволува прекршување на велосипедот на половина заради полесен транспорт. Од фабриката велат дека новиот Пони е дизајниран да одговара на сите генерации и очекуваат.

Засега Пони може да се добие само со претходна нарачка. Се чини единствената “негативна” оцена оди за високата цена на истиот. Основниот модел чини 329 евра а најскапата опција ќе ве чини 789 евра.

Видео:

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија