Поставено ново најдобро време на патеката Џон Мјур

Францускиот планински ултра-маратонец Франсоа Деан вчера на 17.10 успеа да ја финишира 356-километри долгата рута во САД за рекордно време – кое е 12 часа подобро од претходното. 

Само неколку недели откако заврши на првата позиција во страшно добра конкуренција на 170-километарската Ултра Треил ду Мон Блан, Французинот Франсоа Деан проба да постави ново најдобро време за минување на доста подоглата планинска трансферзала наречена по борецот за заштита на природните богатства – поготово во САД – Џон Мјур. 

Патеката Џон Мјур Треил претставува долга планинска трансферзала во планинскиот венец Сиера Невада близу Калифорнија. Истата е со должина од околу 350 километри и минува низ повеќе високи превои и врвови (над 3500 метри), а скоро во целост, таа се протега на надморска височина од над 2400 метри – главно сместена во длабока дивина.

Во нејзината должина од врвот Витни до националниот парк Јосемити таа искачува и спушта околу 14000 висински метри. Во нејзина поголема должина (околу 260 км), патеката претставува дел од 4600 километри долгата Пацифик Крест Треил – една од најдолгите трансферзали во светот. 

Франсоа Деан овој викенд заедно со неговиот цел тим на логистика и пејсери (луѓе кои го придружуваат на одредени делници од патеката и го поставуваат темпото на движење) беше во обид да го подобри претходното најдобро време на Леор Пантилат од 2014 година кое изнесуваше 3 дена 7 часа и 36 минути. 

31-годишниот Французин успеа да ја измине целата патека за 2 дена 19 часа и 26 минути, што е за околу 12 часа подобро од претходниот рекорд – резултат кој веројатно ќе поседи одреден период додека некој друг не го предизвика. 

Овој септември и Дарси Писеу го постави и женското најдобро време на патеката кое изнесува 3 дена 7 часа и 57 минути.   

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија