Тажната приказна за Хејден и Инге

Овој викенд на 7 октомври, светски познатиот алпинист Хејден Кенеди заедно со неговата девојка Инге Перкинс ги зафаќа лавина качувајќи го врвот Имп (Џуџе) во Монтана. Иако само Инге загинува во несреќата, младиот пар вечно го напушта овој свет.. 

За време на качувањето на врвот Имп во близина на Монтана овој викенд, Инге и Хејден предизвикале лавина која завршува фатално за 23-годишната девојка. Хејден ја преживува несреќата само за да се извлече во неговиот дом и наредниот ден – 08.10.2017, во длабока депресија да си го одземе својот живот. 

Инге носела лавински примопредавач во ранецот, но тој не бил вклучен – пренесува директорот на спасувачката екипа која пристигнала на местото на несреќата. Хејден не повикал помош, туку само испратил јасни координати каде таа се наоѓа. 

27-годишниот Хејден Кенеди беше еден од најдобрите алпинисти во светски рамки. Во 2013 година заедно со истотака веќе починатиот Кајл Демпстер го имат добиено „Златниот цепин” за искачувањето на Огре 1 во Пакистан. Покрај ова тој има направено неколку важни искачувања на К7 (заедно со Кајл Демпстер и Словенецот Урбан Новак), како и на Серо Торе. 

Инге истотака беше одлична атлета позната во качувачкиот свет со бројни искачувања. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија